Инаугурацијата на новиот британски крал Чарлс Трети во Вестминстерската опатија во саботата, на која присуствуваа претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга, открива занимлив детаљ – британскиот протокол на нивните столчиња залепил ливчиња со натпис Македонија, не есапејќи ја географската одредница „Северна“.
А токму Велика Британија беше меѓу земјите што пред пропаднатиот референдум од 30 септември 2018 година даваа отворена поддршка за преименување на Република Македонија, па за таа цел Скопје го посетија тогашната премиерка Тереза Меј и министерот за Европа и Америка, Алан Данкан.






