Големи протести на опозицијата во Србија поради двете масовни убиства

Протест на српската опозиција наречен „Србија против насилството“ поради двете масовни убиства во земјата во кои загинаа 17 лица, од кои 8 беа деца, се одржува во Белград. Протестот почна пред Народното собрание, каде беа прочитани барањата на опозицијата, а потоа продолжи со протестен марш до владата.



Уште пред протестот организаторите најавија дека нема да се одржуваат говори, туку само ќе бидат прочитани барањата на опозицијата, која за нивното исполнување и даде рок на владата до 12 мај.

Организатори на протестот се Народната партија, Зелено левиот фронт, Да не го давиме Белград, партијата Заедно, Партијата за слобода и правда, Движењето на слободни граѓани, Синдикатот Слога и Движењето за промени.

Покрај во Белград, протести се одржуваат и во други градови ширум Србија.