Јанакиески: Ми нудеа „бомби“ од свиркач за тоа како Цаноски признава дека „Космос“ е дивоградба

Поранешниот министер Миле Јанакиески пред Апелација откри дека во изминатиот период му се нуделе материјали за бизисменот Фијат Цаноски каде тој признава дека објектот „Космос“ е дивоградба – пренесе Вечер.



Мене ми се нудеа бомби од свиркач, но не ги зедов не сакам со тоа да се занимавам, во кои Фијат признава дека гради дивоградба. Зошто не ги даваше сите докази СЈО ниту ни овозможи увид во снимките и СМС, потсетете се на аферата „Рекет“, рече тој.

Додаде дека предметот „ТНТ“ незаконски го застапувал обвинител т.е виш јавен обвинтиел, алудирајќи на обвинителот Бурим Рустеми.

– Замислете тој како Виш обвинител поднесе и жалба на пресудата па каде е тука двостепеноста во постапката но за тоа се води и кривична постапка. Како Виш обвинител поднесе и жалба на пресудата. Каде е тука двостепеноста во постапката но за тоа се води и кривична постапка? прашува Јанакиески, изјави Јанакиески.

Тој на денешната јавна седница на Апалација објасни дека време им се криел овој  факт но тоа го утврдиле при увид дека по влегување во сила на новиот закон за јавно обвинителство и по именувањето на Бурим Рустеми за Виш јавен обвинител на ден 9.11.2020 година Јавниот обвинител Љубомир Јовевски го овластува обвинителот Гаврил Бубевски да го води овој предмет.