Ситно поевтинуваат горивата

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се намалува за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси.



Ценита на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за за 0,50 денари по литар.

Новата цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 77,00 денари,

ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 79,50,

ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 66,50, а

Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за 65,50 денари за литар.