СДСМ и ДУИ денеска и формално тргнаа против позицијата на ЕУ за законите за Бехтел и Енка кои владата сака да ги турка со ,,европско знаменце”.
Во собранието утрово дошле петте закони кои владата сака да ги усвои со скратена процедура во која по само три дена дебата може да се гласа со со што на опозицијата и се одзема можноста да ги блокира катастрофалните закони кои земјава ќе ги чини стотици милиони евра.
Тоа е целосно спротивно на ставот на Делегацијата на ЕУ во Скопје која смета дека владата треба да го преиспита планот на Груби за скратена постапка со европско знаменце затоа што тоа не дел од европските процедури.
Според ЕУ договорот со Бехтел и Енка е спротивен на Договорот за стабилизација и асоцијација на Македонија со унијата.
Со суспензија на ставот на ЕУ владата на СДСМ и ДУИ почнуваат јавна војна со ЕУ која во текот на преговорите ќе решава дали Македонија ги почитувала европските правила кои во случајов се прекршени.
Зошто Ковачевски и Груби тргнуваат во војна со ЕУ засега нема соодветно објавување од владата која самата се однесува антиевропски а обвинува други дека се против ЕУ.
Владата однапред знаела дека законите на Груби не смеат да се носат со ЕУ знаменце.
И Маричиќ жртва на Груби, владата знаела дека ЕУ е против ,,еврознаменце” за Бехтел и Енка





