Јусеф Мехрдад и Садрола Фазели Зер беа егзекутирани со бесење за злосторства кои вклучуваат богохулење, навреда на религијата на исламот, на Пророкот, светите места за Муслиманите…
Двајцата мажи водеа десетици антирелигиозни интернет платформи посветени на омразата кон исламот, промовирањето на атеизмот и навредувањето на светите места, објави Мизан.
Експертите на ОН го повикаа Иран, во кој живее мнозинско шиитско население да го запре прогонот и малтретирањето на верските малцинства, посочувајќи на политиката на Иран на таргетирање на различни верувања и религиозни практики, вклучително и преобратени христијани и атеисти.






