Топалов: „Македонското општество е затруено со жесток антибугаризам“

„Ќе бев изненаден братски да ги пуштат“, коментира бугарскиот професор Кирил Топалов, еден од редовните критичари на Македонија и на македонско-бугарските односи, во врска со забраната на европратеникот Андреј Ковачев и 4 други, да влезат во Македонија.



ГЕРБ ќе ја „кодоши“ Македонија во ЕУ, зашто не му дозволила влез на Андреј Ковачев

„Со сите нивни постапки покажуваат дека се непријателски настроени кон Бугарија“, смета вели Топалов во интервју за БТВ.

Топалов ги споредува „овие акции“ со тоталитарно време.

„РСМ продолжува да живее во својот југототалитарен комунизам… Има кругови во ЕП кои не го разбираат нашиот проблем“ вели Топалов кој одново повторува дека Бугарија прва ја призна РСМ како независна држава и дека отсекогаш покажувала братски и пријателски и меѓудржавни односи, истакна проф. Топалов.

Едвај можевме да се разбереме со некој кој не’ навредува дека сме фашисти и окупатори, рекол Топалов како што пренесува Њуз.бг.

Односите се тешки, вели ти и оценува дека „во РСМ општеството е затруено со жесток антибугаризам“.

Потсетуваме, властите на РСМ одбија да го пуштат европратеникот Андреј Ковачев во Македонија. Бугарското МНР со официјален став изрази разочарување од постапките на РСМ. Подоцна, МНР на РСМ соопшти дека Ковачев не ги исполнувал условите за влез во Македонија.