Шок за Киев, мора да плати милијарди долари на „Гаспром“

Арбитражниот суд во Стокхолм ги потврди најважните точки од договорот на Газпром со Украина за испораките на гас.



Заменик-претседателот на Гаспром, Александар Медведев, изјавил дека , во согласност со одлуката на арбитража, украинската компанија „Нафтогас“ мора веднаш да плати малку повеќе од две милијарди долари, со дополнителни 600.000 американски долари на име камата за секој ден доцнење со плаќање.

„Бидејќи украинската компанија веќе платила на руските партнери 3,1 милијарди долари, вкупните плаќања во спорот кон „Гаспром“ достигна сума од 5,1 милијарди долари“, вели Медведев.

Двете компании поднесоа взаемни тужби тешки милијарди долари пред судот во „Стокхолм“ кој  решава комерцијални спорови, во врска со испораката на гас на Украина.