Струшка литија: За прв пат присуствуваше владика на Вселенската патријаршија

Река од луѓе и оваа година беа дел 14-та по ред торжествената литија (Еордија) со чесните мошти на Светиот Великомаченик Георгиј и неговата чудотворна икона.



Илјадници верници во храмот на Великомаченикот во Струга прво учествуваа во служењето на ктиторската вечерна богослужба.

По завршувањето на свечената Литија, следеше насташ на кичевското играорно друштво „Бисер“, како и хорот „Митрополит Козма Пречистански“ од Кичево, кои за Струшката Еордија подготвиле специјална програма.

Годинава за првпат, имаше и владика од Вселенската патријаршија, откако минатата година, Светиот синод донесе одлука за отстранување повеќедецениската шизма наложена врз Охридска архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ.