Македонија е земја со огромно непочитување на работничките права

Сојузот на синдикатите на Македонија лани евидентирал вкупно 40.254 обраќања од работници по разни основи за заштита на правата од работниот однос. Работниците ги доставувале своите приговори во Секторот за работни односи и правна заштита, како и во регионалните синдикални претставништва и канцеларии. Како што велат од ССК, најголемиот број обраќања се во врска со неисплатени плати, надоместоци,придонеси и додатоци на плата, како и поради нарушени синдикални права.



Според Слободан Трендафилов, шеф на кабинетот на претседателот на ССМ, тие континуирано барат и се залагаат за зголемување на платите на работниците, а, пред сè, инсистираат на усогласување на сите плати со порастот на минималната плата.

– Во приватниот сектор, тоа беше сторено преку социјален дијалог и преговори помеѓу синдикатите и работодавците со склучување анекси на колективните договори. Во јавниот сектор беше организиран штрајк, кој придонесе голем број работници од јавниот сектор, односно, според нашите пресметки, повеќе од 75 % од вработените во јавниот сектор да добијат усогласување на платите согласно со порастот на минималната плата, но не беше случај тоа и во институциите каде што основач е Владата, особено не добија зголемување или усогласување на своите плати вработените во полицијата и во здравството.
Трендафилов нагласува дека работодавците мораат да разберат дека за да ги задржат работниците, треба и добро да ги платат.

– Повисоката плата, која реално обезбедува можност за егзистенција, придонесува за поголеми продуктивност и мотивираност на работниците, од што зависи целокупниот развој на економијата. Покрај зголемувањето на платите, кое е неминовно за да им помогне на граѓаните во услови на економска и енергетска криза, Владата мора да го спречи растот на цените на основните животни продукти, како и да го следи тоа преку инспекциските служби. Целта е во услови на економска, енергетска и здравствена криза да се заштитат најранливите категории граѓани и работници – вели Трендафилов за весникот ВЕЧЕР.
Тој нагласува дека ССМ се залага за стабилност на домашната економија , наплата на буџетските приходи, финансиска консолидација ,намалување на сивата економија, кратење на несуштинските трошоци и правилна распределба на средствата за целосна заштита на граѓаните и работниците како најважен ресурс на државата.

-ССМ е единствен репрезентативен синдикат во државата,воедно и најстар и најброен синдикат.Ние будно ги следиме состојбите со работничките права и брзо, ефикасно и стручно реагираме кога истите се прекршени и оневозможени.Влезот на државата во ЕУ покрај другото е условен и од прилагодувањето на националното со европското трудово законодавство.

Целиот текст тука.