Министерот за правда Кренар Логавели дека во работната група која ќе ги подготвува уставните измени се приклучуја храбри луѓе, извонредни луѓе бидејќи, во вистинскиот момент најдоа време иако знаеја дека ќе бидат оцрнети од дел од јавноста да го дадат својот придонес за ние да станеме дел од фамилијата на ЕУ.
„Мене ми е жал што ВМРО-ДПМНЕ не е дел од оваа група. Јас ги повикувам уште еднаш да бидат дел од успехот на патот кон европска иднина на Македонија“, вели Лога во неделното интервју за Радио Слободна Европа.
Според министерот, во неколку наврати ВМРО-ДПМНЕ дало простор дека ќе ги поддржи уставните измени, и тоа најмалку двапати.
„ Нивниот лидер еднаш рече дека бара цврсти гаранции од ЕУ, па кажа дека ќе имаат позитивен став ако имаме формулација како во Хрватска. Така да, ако ВМРО-ДПМНЕ не најде сила како една од најголемите политички партии, внатре во ВМРО-ДПМНЕ ќе се најдат вистинските луѓе кои знаат да ја препознаат иднината на државата, дека нема друг пат, бидејќи ова што се бара и очекува од нас мора да се исполни“, потенцира Лога.
Министерот Кренар Лога вели дека Преамбулата останува да биде приоритет на работната група која ќе ги подготвува уставните измени и очекува предлогот да помине во Собрание.







