Словачкиот премиер Едуард Хегер објави дека побарал од претседателката на државата Зузана Чапутова да го ослободи од должноста.
Хегер се соочи со повици од опозицијата да го отвори патот за формирање технократска влада која ќе ја води централната европска земја до изборите закажани за септември.
Во петокот министерот за надворешни работи поднесе оставка, што дополнително му ја разнишаа власта
„Решив да побарам од претседателката да ме смени од власта за да има простор да се обиде со технократска влада која ќе ја води Словачка стабилно и мирно до демократските парламентарни избори“, рече Хегер на прес-конференцијата.
Владејачката коалиција го загуби мнозинството во септември минатата година, кога слободарската партија СаС замина, подоцна обвинувајќи ја владата дека не прави доволно за да му помогне на населението погодено од зголемените трошоци за енергија. Оттогаш Хегер раководи со малцинска влада.
Како и другите европски земји, Словачка обезбеди финансиска помош за компаниите и домаќинствата поради зголемените трошоци за енергија и инфлацијата.
Расправиите меѓу партиите ја парализираа политиката во оваа членка на НАТО и Европската унија која силно ја поддржува соседна Украина во борбата против руската инвазија..
Хегер подоцна денеска треба да се сретне со претседателката Зузана Чапутова, која има овластување да назначи нов технички премиер.






