Нивото на ефикасност и на заштита на застарените информациски системи во Управата за Јавни Приходи е исклучително ниско, забележуваат државните ревизори кои ја чешлале институцијата во институцијата што ја води високата фумкционерка на СДСМ Сања Лукаревска?
Ревизорите утврдиле ненавремена обработка на податоци од системот кој нема можност за одржување, надградба и поврзување со другите бази на податоци.
Според ревизијата податоците за даночните обврзници не може да се генерираат преку единствен систем а дури 46% од нововработените немаат поминато обука за апликациите за кои имаат овластувања
Ревизорите даваат низа препораките кои треба да се имплементираат за да се избегне хаосот како тој во Фондот за здравствено осигурување кој беше хакиран и недостапен со недели:
♦️ Инсталирање на нов современ даночно – информативен систем
♦️ Тренинг и обука на ИТ кадар и вработени во УЈП
♦️замена на застарени системи
♦️ нови локации за сервери и нивна заштита
♦️ примена на нови апликации и технологии за сајбер заштита на системи и компјутери каде се наоѓаат документи
♦️ Обнова на сите подзаконски акти : правилници и упатства кои се со застарен датум од 2009 и 2013г поврзани со ИТ безбедност и заштита на системи
Во извештајот за 2022 државниот ревизор за УЈП (▶️ https://dzr.mk/mk/230505-it-revizija-2022-efektivnost-na-informaciskiot-sistem-vo-upravata-za-javni-prikhodi-za) забележува и други фрапантни состојби:
♦️ 46% од нововработените во УЈП не поминале обуки за апликациите за кои се овластени да ги користат ?
♦️ 83% од сите вработени во УЈП не побарале да им се одржи обука за одредена тема ?
♦️ 79% од сите вработените во УЈП не поминале обука за апликациите кои ги користат на застарените даночно информациони системи во УЈП ?
♦️ 56% од компјутерите во УЈП користат застарени оперативни системи без подршка на производителот кои не поддржуваат update (Надградба) на апликации за заштита и други модули за работа
Компјутерите за 1008 вработени во УЈП се набавени во три фази:
• 2009 со инсталиран Internet Explorer 8 кој е исфрлен од употреба на Микрософт
• 2017
• 2022
Во 2009 година во 5 јавни набавки во вредност од 670.341 евра купени компјутери од Ланком Компјутери, СиТ Македонија и Семос
Во УЈП се вработени 1008 административци со посебни овластувања за даноци и инспекции.
Неверојатна бројка од 796 вработени од вкупно 1008 вработени НЕМААТ поминато обука за апликациите кои ги користат.
Даночната академија е одговорна организациона единица за спроведување на обуки за вработените.






