Урош Б.(22) од селото Дубона кај Младеновац кој уби 8 лица и меѓу кои и 15-годишно дете, следниот месец ќе го помине во притвор.
За масакрот што го направи пред два дена, во Србија му се заканува доживотен затвор, пишува Телеграф.рс
Застрашувачки е фактот дека по апсењето на Урош, при претресот на викендицата во Шепшин, пронашла карабин со оптика, пиштол, сигнален пиштол, два пригушувачи, ловечки нож и други делови од оружјето, 164 куршуми од различен калибар, 13. ловечки патрони, 12 чаури, 4 сигнални куршуми и 25 парчиња муниција за карабин.
Исто така, при претрес на куќата и помошниот објект во населба Вињиште, полицијата пронашла четири рачни бомби, неколку кутии муниција за пиштол, неколку парчиња муниција за пушка, рамка за пиштол, две рамки најверојатно за автоматска пушка, како и автоматска пушка без фабрички број.
Урош Б. е син на воено лице. Неговата мајка е вработена во здравствена установа во Белград.
Тој бил апсен за кражба и за напад врз службено лице, но не бил осудуван.






