Директорка на институт исфрлила зборови од толковен речник на македонскиот јазик за да ја спаси фотељата

Славистот Емил Ниами потсетува дека македонскиот јазик само еден ден по неговиот ден кој власта толку многу го потенцираше слави неславен јубилеј.



Цели две години директорката на Институтот за македонски јазик не ги враќа македонските зборови кои се исфрлени од употреба по политичка нарачка со што се прави цензура во македонистиката како стожерна наука за Македонија.

,,Повторно јас. Ќе си речете дека постојано нешто се жалам, но совеста не ми дава да молчам. Имено, на денешен ден пред точно две години, потклекнувајќи на притисоци, а со цел задржување на позицијата преку послушништво, директорката на Институтот за македонски јазик Елена Јованова-Грујовска од дигиталното издание на Толковниот речник на македонскиот јазик исфрли зборови, што, како што објаснив и тогаш, претставува цензура и напад врз науката”, објавува Ниами кој открива дека во времето кога ги исфрлила зборовите директорката на Институтот уверувала дека биле потребни корекции и дека зборовите повторно ќе бидат вратени во Речникот.

,,Поминаа две години – ништо. Веројатно некој мисли дека ќе заборавиме на ветувањата и оти ќе биде „секое чудо за три дена“. Но, не е баш така. Јас сум тука за да паметам и тука сум за да потсетам на срамот што Јованова-Грујовска им го нанесе на своите колеги-научници. Ова воедно нека биде потсетување и до медиумите да се распрашаат до каде се „корекциите“. Да не ги има заборавено во багажник случајно?”, пишува Ниами за самоволието на директорката Јованова – Грујовска.

Ниами не открива кои се зборовите ниту кој ја натерал директорката да исфрла зборови од Толковниот речник а кои според начинот на кој што го опишува Ниами се исфрлени од политичка моќ.

Кога станува збор за македонскиот јазик во владата ваква моќ има само СДСМ.