Национализам ли е да се праша колку Македонци стојат зад Груби додека тој почнува војна со ЕУ за Бехтел и Енка? (ТВИТ НА ДЕНОТ)

Темата на твитот на денот е колку Македонци стојат зад Артан Груби додека тој најавува дека спротивно на правилата на ЕУ владата во собранието ќе турка пет закони за Бехтел и Енка со европско знаменце.



Во принцип фумкционерите не би требало да се делат на Македонци, Албанци, Роми, Срби, Турци, Бошњаци, Власи и други но прашањето е легитимно ако на настанот има многу Албанци, малку Македонци и ниту еден од другите заедници.

Посебни се прашањата дали Албанците доминантно треба да решаваат за едно толку важно прашање кое земјата може да ја уништат финансиски и зошто Груби не му даде збор на еден од двајцата македонски министри во владата иако тој беше предвиден да говори.

Европската унија уште минатата недела објави дека проектот што го турка Артан Груби е спротивен на правилата на ЕУ а на вчерашната најава за војна со ЕУ на Груби не се појави вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ кој е единствен овластен да предлага закони со европско знаменце.

И Маричиќ жртва на Груби, владата знаела дека ЕУ е против ,,еврознаменце” за Бехтел и Енка