Грчката полиција на денот на неговото погибие на 4 мај привела 20 бугарски државјани кои тргнале кон селото Баница, местото каде загинал Гоце Делчев.
Меѓу приведените бугари во Грција има и 90-годишна жена.
Приведените се туристи од градот Гоце Делчев, кои се обиделе да го посетат местото на убиството на Гоце Делчев во Кукуш но биле приведени кај Серес.
Грчката полиција ја привела целата група која патувала со автобус. Според приведените биле запрени од полицајци со цивилен автомобил, им биле собрани личните документи, а потоа во конвој сите биле однесени на 20 километри до градот Серес.
Таму приведените минале повеќе часови без да добијат објаснување за што е неопходно нивното носење во полициска станица.
Бугарското МНР за телевизијата Нова објаснува дека грчките органи на прогонот не навеле конкретни причини за своите постапки.
Предходно по поплаки од приведените бугарскиот генерален конзулат од Солун побарал информација врз која основа се преземени дејствијата за попречување на бугарските државјани од властите во Грција.
Утрото на 4 мај група од 18 луѓе од Гоце Делчев тргнале кон Грција во посета на родното место на револуционерот. Во близина на селото Баница нивниот автобус е запрен.
„Бевме изненадени што имаше цивилни автомобили на свртувањето од главниот пат, каде се спуштате кон селото Баница. Не застанаа, соодветно се легитимираа и рекоа: „Не можете да слезете“, вели Богдан Ципуров, еден од приведените за бугарските медиуми.
,,Бевме запрени на асфалтираниот пат и оттаму не однесоа 20 километри. Без документи, со придружба – во полиција“, тврди Иван Калајџиев.
„Немаше никакво испрашување. Ме прашаа само како се вика мајка ми“, истакнува Ципуров.
Во грчката полициска станица завршила и 90-годишната Павлина Сабкова.
“Многу непристојно, многу тажно и многу жално. Не претворија во некакви криминалци. А ние кутрите личиме ли на криминалци? Носам букет хризантеми”, рекла 90-годишната жена.
Некои од приведените успеале да стапат во контакт со бугарскиот конзулат во Солун додека часови биле блокирани во грчката реонска полициска станица но не добиле одговор зошто се приведени.
„Многу понижувачки. На излегување им реков: „Какви соседи сте вие?“ А кога реков „Не можеме да бидеме соседи во ЕУ, а вие вака се однесувате со нас“, еден полицаец ми рече : „Ајде, ајде. Побрзо надвор“, вели Смиљанов.
На дел од приведените им било речено дека биле запрени во рутинска проверка затоа што се движеле во подрачје кое е прогласено за воена зона“.
Процесните не добиле официјален документ дека се во полиција а бугарското МНР се уште нема официјална информација од грчките власти.
„Ништо не сакаме. Сакаме да се извинат. Да кажат дека згрешиле“, категорична е Павлина Сабкова за бугарските медиуми.






