Без конкретни мерки, ама само со електронска адреса – домашните институции ќе спречуваат врсничко насилство. Ова е само една од мерките која следува по црните случувања во Србија, кои го вклучија алармот за безбедноста на училиштата низ Македонија. Министерот за образование, Јетон Шаќири, на маса седна со социјолози и психолози, и признава дека состојбата ви земјава не чини. Министерот рече дека деновиве ќе се дискутирало и за други мерки, а од нив не кажа ни една. Ги повика родителите да пријават насилство на овие мејл адреси: рrijavinasilstvo@mon.gov.mk рaraqitdhune@mon.gov.mk

Социолозите по состанокот рекоа дека безбедноста во училиштата и спречувањето насилство меѓу младите во Македонија е на многу ниско ниво. Родителите мора да одвојат повеќе време и да разговараат со децата, за да им пренесат вистински вредности. Надлежните велат дека е неопходна и промена на Законите во однос на санкциите кон родителите и вклучување на центрите за социјална работа. Велат, во школите неопходен е кадар, кој за жал го нема доволно.
Ако училиштата итно не изготват протоколи за препознавање случаи на меѓуврсничко насилство, каде ќе бидат вклучени министерствата и полицијата, што и да се направи ќе биде бадијала.





