Најголемиот македонски бренд за спортска опрема Honey Badger има нов сопственик

Пливачот Мартин Стефановски е новиот сопственик на најголемиот македонски бренд за спортска опрема, беше објавено денес на социјалните медиуми.
Honey Badger e целосно македонски бренд за активна облека и опрема за подобрување на физичката подготвеност кој своите почетоци ги бележи од 2018 година основан од двајца ентузијасти, Тони и Чедo. Honey Badger животното е синоним за бестрашност, смелост, храброст, издржливост и пожртвуваност. Оттука е јасна мисијата која претставува императив: Нашите производи да изградат силни луѓе кои никогаш не се откажуваат во животот и спортот – велат од брендот и додаваат:
-Еден од фундаментите при основање на брендот беше и останува целото производство на брендот Honey Badger да биде македонско, а со тоа секој купувач на производите директно да влијае кон повисока цел за подобрување на економската состојба на држвата. Honey Badger секогаш ќе биде насочен кон активниот начин на живот, спортот и физичкото здравје. Идејата произлегува од секојдневните предизвици со кои се соочувавме со нашите работни обврски кои вклучуваат многу напор и пот. Тука ни дојде идејата дека на физички активните луѓе навистина им е важно секогаш да имаат по повеќе парчиња чиста облека за спортување и активности која брзо ќе се суши и ќе биде изработена од материјал кој не ја задржува влагата на телото. Тоа беше доволно за да почнеме со акција и да создадеме еден бренд кој преминува во цело движење кое шири здрави навики и здрав дух. Нашата визија за брендот Honey Badger е да биде лидер во иновативност за активна облека и опрема за вежбање, новитет за овој бренд е тоа што во новата колекција ќе поседува и високо квалитетна пливачка опрема, а неговата препознатливост да биде во светски рамки.
Тимот на Honey Badger го одликуваат луѓе кои знаат дека невозможното не постои, луѓе кои деноноќно работат на зададената мисија и дефинитивно луѓе со фанатична визија кон проектот што е започнат. Ние веруваме дека спортската подготвеност, како и подготвеноста да се одговори на секојдневните животни предизвици е резултат на времето поминато во работа на себе. Honey Badger секогаш ќе биде насочен кон активниот начин на живот, спортот и физичкото здравје.
Повеќе информации може да најдете на : www.honeybadger.mk