Хаос во владината коалиција: Груби не му дозволи на Николовски да проговори на прес конференцијата за Бехтел и Енка (ВИДЕО)

Иако портпаролот на владата Мухамед Хоџа согласно напишаниот план и протоколот го најави како говорник министерот за земјоделие од СДСМ, Љупчо Николовски не доби шанса да зборува на прес конференцијата за петте закони за Бехтел и Енка кои власта сака да ги носи со ЕУ знаменце.



Од засега непознати причини првиот вицепремиер Артан Груби наспроти најавата на Хоџа рече дека Николовски нема да зборува на прес конференцијата.

За уште еден најавен член на владата Груби рече дека немало да зборува затоа што неговиот закон минал но за Николовски не даде никакво објаснување туку само грубо рече дека Николовски нема да зборува.

Владини извори тврдат дека има проблем меѓу владината коалиција за одлуката да се носат закони со европско знаменце но засега нема потврда дека тоа е причината што Груби на груб начин му го одзеде правото на Николовски да проговори.

Брисел денеска рече не за криминалот што власта сака да го правда со лажна еврорегулатива.

Жешка шлаканица од ЕУ за обидот на Груби и Ковачевски корупцијата во Бехтел и Енка да ја покријат со европско знаме

Забраната од Груби за Николовски се случува во првиоте минути од почетокот на владината прес конференција:

https://www.youtube.com/live/zuoolNSJi2k?feature=share