Во Приштина запалени свеќи за жртвите на масакрот во Србија (ВИДЕО)

Запалени свеќи вчера во Приштина, во знак на сеќавање на жртвите од престрелката во училиште во Белград.



Настанот бил организиран од учесниците на заедничкиот фестивал Косово и Србија „Миредита, добар ден“.

Косовската министерка за правда Албулена Хаџиу и министерот за заедници Ненад Рашиќ на настанот одржале едноминутно молчење во знак на сеќавање на жртвите од пукањето во Белград.

Тие беа дел од свеченото отворање на заедничкиот фестивал на Косово и Србија „Mirëdita, Dobar Dan“, пренесува Косово Дата.