Бугарски реакции по погибието на Гоце Делчев: ,,Најпосле се оттргнавме од тоа куче“

Се појавуваат нови историски материјали кои се целосно спротивни на официјалната бугарска историографија според која Гоце Делчев бил бугарин кои се бори за Бугарија.



Профилот ,, Македонија вистинска бескрајна приказна” кој објваува историски факти поврзани со Македонија објваува текст за начинот на кој била дочекана смртта на Гоце во бугарските врховистички кругови.

Според документот по неговата смрт бугарски фактори биле среќни затоа што тој веќе го нема.

Со наслов: БУГАРИТЕ ЗА ГОЦЕ, 1903 г.: „Најпосле се оттргнавме од тоа куче“, се раскажува за вистинска случка со вистински луѓе која е објавена во весник во Бугарија кога не можело да се пишува на македонски јазик.

Новинарот Благој – Блаже Видов од Кавадарци, деец на ВМРО по првата светска војна, во 1936 година имал еден разговор со стар македонски деец, како што го нарекува.

Тој пак, му се претставил како внук на „врховистот Ѕивгов“, кој му бил вујко. Ова е значајно сведоштво за тоа како врховистите Бугари, бугарофили и велико-бугаристи се радувале по смртта на Гоце Делчев.

,,Неименуваниот Македонец ги набројува членовите на ВМК кои во 1903 г. ce радувале и ликувале по смртта на Гоце. Се спомнуваат имињата на познати врховисти – Иван Цончев, Анастас Јанков, Александар Протогеров и Софрониј Стојанов. Некој од нив рекол:

– „Најпосле се оттргнавме од тоа куче. Го убија!“

Тие, вели револуционерот, никако не работеле за Македонија. Тој смета дека Македонците не треба да се мешаат во внатрешните работи на Бугарија, туку да тргнат по „патот подвлечен од Гоце“ и да бидат единствени.

Новинарот на крај вели дека со соговорникот нема разлики во разбирањето околу ослободувањето на Македонија.

Блаже Видов, инаку, првин бил приврзаник на бугарскиот „тројански коњ“ во ВМРО, Иван – Ванчо Михајлов… Но, потоа, исто како и многумина – се разочарал, и долго бил истакнат анти-ванчомихајловист”, стои во текстот објавен од весникот „Македонски вести” на 5 мај 1936 година.

Весникот е издаван во Софија, Бугарија, на тамошниот официјален пишан јазик. Македонскиот новинар работел таму, па друг јазик официјално не бил дозволен.