600 полицајци трагаат по терористот кој уби лица и рани најмалку 13 лица во престрелката што се случи синоќа во Младеновац.



У.Б. е осомничен дека околу 23 часот по расправија со другарите во училишниот двор во Дубона отишол дома, земал калашников и пукал.

Откако повредил голем број луѓе, влегол во автомобил и започнал крвав пир во околните места.

Околу 600 припадници на специјалните единици трагаат по напаѓачот.

Во акцијата за пребарување се вклучени сите специјални единици и хеликоптерската единица на МВР на Србија.

Како што претходно најавија од МУП, започна акцијата „Вихор“.

Министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ вечерашната престрелка во Младеновац ја оцени како терористички чин.