Долгогодишниот новинар Душко Арсовски кој цели 30 месеци беше портпарол на владата добил највисока полициска службеничка позиција.
Арсовски по заминување од позицијата гласноговорник на владите на Заев и Ковачевски во март годинава, сега е вработен во Министерството за внатрешни работи, информираат извори во МВР кои не знаат точно што работи екс новинарот.
Наместо новинар сега има функција државен советник во МВР иако по заминувањето од владата за него имаше шпекулации дека сака да биде амбасадор во Белград.
Арсовски кој претходно работел во повеќе медиуми, во времето на ВМРО-ДПМНЕ во 2012 година доби уредничка функција во државната Македонска Радио Телевизија од каде дојде во владата како портпарол.
Наместо да се врати во МТВ каде го чекала старата новинарска уредничка позиција тој сега станува полициски службеник односно државен советник во МВР.
МВР го води Оливер Спасовски кој исто како и Арсовски е од Куманово.






