Нов ужас во Белград: Бивша ученичка со нож нападнала ученик и наставничка во приватно училиште

Нов напад во Белград: Бивша ученичка избола ученик и наставничка

Поранешна ученичка денеска повредила ученик (15) и наставничка која се обидела да го спречи нападот во приватното училиште „Руѓер Бошковиќ“ во Белград.



Како пренесува „Телеграф“, станува збор за ученичка која претходно била избркана од училиштето. Таа дошла со кујнски нож во раце.

Нападнатите не се сериозно повредени.

Училиштето е евакуирано.