Амбасадорот на жакедонија во Чешка, Сашко Тодоровски, е отповикан од функцијата поради констатирани нерегуларности во извршувањето на својот мандат, соопшти шефот на дипломатијата Бујар Османи, на денешниот брифинг со новинарите.



Тодоровски е отповикан на средина од мандатот.

МНР османи рече дека „информирам дека имаме отповикан амбасадор на средина на мандатот поради констатирани нерегуларности во рамките на извршувањето на својот мандат“рече Османи.

Прашан од новинарите за кој амбасадор станува збор Османин рече: Има констатирано нерегуларности во извршувањето на мандатот, има лажно претставување на сопругата како културен аташе, непочитување на инструкции на Министерството за надворешни работи Изјави Османи.

Сопруга на амбасадорот Тодоровски е професорката Мирјана Најчевска, критичар на анктуелната власт.

Од кабинетот на шефот на државата за „360 степени“ потврдија дека претседателот Стево Пендаровски потпишал указ за отповикување на амбасадорот Тодоровски. Оттаму додаваат и дека на почетокот на годината Тодоровски писмено доставил оставка на позицијата амбасадор на РСМ во Прага.

Неговата сопруга во последниве години се наметна како голем протиник на властаб и разаочаран учечсник во „Шарената револуција“.

Деновиве опозициската ВМРО-ДПМНЕ излезе со неколку имиња, за кои од партијата тврдат дека се нови амбасадори, кои добиле амин на владината седница одржана на 25 април. Меѓу нив партијата го спомена поранешниот министер за правда Никола Тупанчески, ексградоначалникот на Центар и заменик-министер за надворешни работи Андреј Жерновски…