Лагите на Христов, правнукот на Гоце наспроти сведоштвото на внуката на Гоце Катерина Нурџиева!

Диригентот Христо Христов од Варна, Бугарија, иако е во физичка, биолошка смисла директен правнук на Гоце Делчев по линија на неговиот помал брат, сепак, тој веќе се застранил од македонскиот национален идентитет и од Македонија, за кои се бореше со сета душа прадедо му Делчев. Денес пред гробот на прадедо му Христо Христов се осмели да и дели лекции на својата татковина Македонија, од која од свои мотиви се откажал, дека божем „постапувала сосема спротивно од сфаќањето на Гоце Делчев дека ‘Светот е поле на културен натпревар меѓу народите“!



Откако во мај во 2021 година во Скопје диригираше на концерт во чест на Гоце Делчев, потоа во изјава за ТВ Алфа Христо Христов кажа: „Делчев бил и по својата смрт си останува Бугарин. Тоа не може да биде теза, тоа е факт, кој мора да се почитува.“ На 5 февруари 2022 година во изјава за бугарската агенција Бгнес Христов дури изнесе и тврдење дека „сите од неговото семејство си се определувале како Бугари“, а оти „пренесувањето на коските на Гоце Делчев во Македонија е едно од најнечовечките дејства по Втората светска војна“!

Меѓутоа, еве му како показ и најнесоборлив аргумент и на Христо Христов и на сите бугарски политичари и на „нивните врховистички агенти во Македонија“, како што има кажано македонскиот историчар Александар Литовски, што рекла со свој збор и свое сведоштво Катерина Трајкова Нурџиева, најмалата внука на Гоце Делчев – дека таа е Македонка и оти и Гоце Делчев и сите во неговото семејство биле Македонци и посветени само на Македонија:

Изјава на Катерина Трајкова Нурџиева пред четири години на јутуб