Еден ден откако 13-годишниот Коста Кецмановиќ со оружје од татко му застрела осум ученици и чувар во училиштет во Белградм, српското МВР најави опсежни проверки на сите сопственици на оружје,
Министерството за внатрешни работи најави увид, „со цел да се утврди дали оружјето се чува согласно важечките прописи, одвоено од муниција и затворено во соодветни ормари, кабинети и сефови“.
„Ако при контролата на сопствениците на оружје се констатира дека оружјето е несовесно складирано и може да дојде во сопственост на неовластени лица и да ја загрози безбедноста на луѓето, ќе им биде одземено оружјето и ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка согласно Законот за оружје и муниција“, соопштија од Министерството за внатрешни работи на Србија, пренесе РСЕ.
Министерството ги повика сите сопственици на оружје совесно да го чуваат оружјето за да биде недостапно за неовластени лица, особено за деца“.







