Алтернатива го овласти лидерот да бара сојузници

Централното претседателство, синоќа на состанок го овласти претседателот Африм Гаши да разговара за било каква евентуална соработка со други партии без разлика дали во рамки на парламентот или од редовите на опозицијата, а за коалициска соработка.



„Граѓаните бараат и очекуваат промена и ние сме обврзани да одговориме пред нивните барања. Пред нас се неколку предизвици, а АлтернАтивА уште вечерва покажува целосна подготвеност за соработка во интерес на граѓаните. За сите детали ќе бидете информирани во иднина’, соопштија од партијата која донеодамна беше дел од власта.

На седницата на Претседателството, се дискутирало за актуелната политичка состојба во државата, како што се уставните измени, уставниот амандман предложен од Алтернатива за борба против корупцијата, како и евроинтегративниот пат на земјава.

.