Македонската азбука наполни 78 години од утврдувањето

На своето заседание на 3 мај 1945 година Народната влада на демократска Федерална Македонија, на предлог од Комисијата за јазик и правопис при Министерството за просвета, донесе Решение за утврдување на македонската (кирилична) азбука со 31 буква.



„Улицата што ја нема, а треба да ја има. Македонска кирилица, една и единствена“, објави на Фејсбук типографот и дизајнер Ласло Џуровски, покрај сопствениот предлог за изглед на таблата посветена на македонската азбука.