Од Министерството за внатрешни работи информираа дека од 19.00 часот денеска (03.05.2023 – среда) и утре (04.05.2023 – четврток), Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот,дознава Плусинфо„
Според потребите, утре за сообраќај ќе биде затворена ул.„Самоилова”, на потегот од ул.„Иљо Војвода” (виадукт Самоилова) до крстосницата со ул.„Прохор Пчински”, а на 04.05.2023 (четврток) затворена за сообраќај ќе биде ул.„Самоилова”, на потегот од ул.„Лазар Личеновски” (Амбасада на САД) до бул.„Гоце Делчев” во Скопје“, соопштија од министерството.
Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.






