Момче (14) пукало во училиштето„Владислав Рибникар“ во Белград и притоа убило осум деца, обезбедување и наставник, јавува Б92.
Момчето упаднало на час по историја и почнало да пука во учениците, потврдија за Б92.нет. Едно дете е веќе на операционата маса.
Има повреди на главата и е опасно по живот.
Другите две деца кои се примени во болница се со прострелни рани и се на интензивна нега.
Според првите информации на БЛиц.рс ранети се најмалку четворица ученици, како и еден наставник.
Според последните информации, освен работник од обезбедувањето, загинале и неколку деца, но точната бројка не е утврдена, медиумите шпекулираат со бројка од 6 до 8 убиени деца.
„Доби единица во историја и потоа полуде. Пукаше во професорката, а потоа и на соучениците. Ги имал сите петки“ велат за Блиц учениците од Основно училиште, каде што седмоодделенецот со пиштол од татко му застрела неколку лица.
Момчето е уапсено.

Агенцијата Ројтерс објави сосема различна вест од таа на Б92
Според Ројтерс седмодделенец убил редар и ранил 5 ученици во основното училиште во Белград






