Земјава бележи скок од 19 места во однос на 2022 година и е рангирана на 38. место од вкупно 180 земји во светот според Глобалниот индекс за слободата на медиумите на „Репортери без граници“.



Воедно Македонија е и најдобро позиционирана во регионот на Западен Балкан, пред Црна Гора (39), Хрватска (42), Косово (56), Босна и Херцеговина (64) и Србија (91) и Албанија (96).

Во најновиот извештај на Репортери без граници за светскиот индекс на слободата на медиумите, Србија е единствената земја од Западен Балкан чија позиција се влошила во 2023 година – рангирана е на 91 место од 180 земји. Во извештајот се наведува дека провладините медиуми во Србија шират руска пропаганда – најголем пад во регионот на Балканот, за 12 поени.

Албанија е на 96. место, а потоа следат Босна и Херцеговина (64), Косово (56), Црна Гора (39) и Македонија (38). Хрватска е 42-ра по редослед на листата.

„Репортери без граници“ во извештајот за Македонија, наведуваат дека иако новинарите не работат во непријателско опкружување, раширените дезинформации и недостигот на професионализам придонесуваат за опаѓање на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади. Продолжува и тенденцијата, владините функционери да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите.