„Во Косово над 70 отсто од вработените биле локални, додека во Албанија и Србија околу 50 отсто. Првичните прогнози, по анализата на пазарот, се дека и кај нас ќе биде ангажирана целата расположлива работна сила, по можност и над 70 отсто.
Строго ќе се почитуваат сите права и обврски предвидени со законот за работни односи и другите закони, наведе „координаторот за изградбата на коридорите 8 и 10-д“ во објава на фејсбук.
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедницитевели дека според посебниот Закон и Договорот, конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10д е обврзан да ангажира најмалку 51 отсто од локалните ресурси.
Тој ѝ порача на опозицијата дека на ниту еден начин не можат да ја спречат реализацијата на проектот…
Повеќе: https://lokalno.mk/grubi-prognozite-se-deka-behtel-i-enka-kje-angazhira-nad-70-otsto-lokalna-rabotna-sila/







