Први мај 2023-та кај работниците прво ќе се памети по тоа што од денеска функционерите ќе имаат поголеми плати и до 78 % повисоки по одлуката на Уставниот суд која многумина ја гледаат како контроверзна.
Платата која ќе ја земат функционерите во мај ќе биде првата целосна плата со ова огромно покачување предизвикано од поништување на еден законски член.
Највисоките плати ќе добијат претседателите на државата, на владата и на Собранието по околу 2.260 евра плус по 0,5% од ова сума за секоја година стаж.
Пендаровски: секој работник заслужува почит и достоинствен живот
Од друга страна минималната плата во ова година ќе биде речиси 7 пати пониска од претседателските во државата и изнесува 20.175 денари.
Според УПОЗ околу 70% од вработените во јавниот сектор се на ниво на минималната плата. Околу 80% работници во јавниот сектор се под просечната плата од нешто над 32 илјади денари нето.
Премиерот ја проглоаси Македонија со највисока минимална плата
„Ако зборуваме за работникот од приватниот сектор, тој со својот труд и пот некому му создал милиони, а од тоа не добил ништо, премалку е платен и не е ценет. Ако зборуваме за работникот од јавниот сектор, оние што нѐ лечат, нѐ бранат, пишуваат закони, се плукани и навредувани, живеат со потпросечна плата, и каде и да е, и тие ќе ја напуштат државата, предупредува Трпе Деаноски, претседателот на Синдикатот на УПОЗ во изјава за ДојчеВеле на македонски јазик.
Повеќе на „Телма“







