Поради протестните маршеви во организација на двата најголеми синдикати во земјава, центарот на Скопје денеска ќе биде под посебен режим на сообраќај.



Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) протестот ќе го почне во 10 часот пред нивните простории на улица 50.дивизија, па ќе се движат по улиците Јордан Мијалков, булеварот Климент Охридски се до Владата на булевар Илинден. Таму ќе протестираат под паролата „Ќебапче за работникот – бифтек за власта“, мотивирани од покачените функционерски плати за 78% и најавите за 60 часовна работна недела.

Од Сојузот на синдикати на Македонија, пак, протестниот марш ќе го почнат точно на пладне пред зградата на ССМ, под паролата „Работниците се државата“… Ќе протесираат пред Собранието, потоа пред Стопанските комори и на крај пред Владата… И тие ги повикаа работниците, наместо да палат скари, да излезат и да го дигнат гласот за своите права.

Иако со одделни протести, тие имаат исти барања: зголемени и достоинствени плати за работниците, пристојно работно време и почитување на колективните договори.