Пратеникот и екс полковник на АРМ Драган Ковачки реагира на спонзорирани односно платени постови на премиерот Ковачевски на социјалните мрежи со кои се фали со армиски теми.
,,Дезертерот што ги напушти тие кога најмногу им требаше, сега ги постира (спонзорирано) во обид за политички поени.
Образ-ѓон”, пишува Ковачки за Ковачевски.
Премиерот кој во сомнителни околности добил тапија дека е неспособен за воена служба се пофали со фотографија од војници на АРМ.
Ковачевски пред неколку месеци беше фатен од медиумите дека плаќа 24 илјади евра за платени постови на Фејсбук за само сто дена.






