Конфликт во најава: Две групи во СДСМ почнуваат штабови за претседателските избори

Партиски извори во СДСМ кои не играат во сегашната номенклатура на Бихаќка тврдат дека партијата се соочува со внатрепартиски конфликт во најава.



Според изворите деновиве две групи во СДСМ отвараат неформално штабови за претстојните претседателските избори што треба да се случат во март-април догодина.

Едниот неформален штаб е составен од луѓе блиски и координирани од претседателот Пендаровски кои почнале со планирање на активности во правец на нова трета по ред кандидатура.

На првата во 2014 Пендровски беше убедливо поразен од Ѓорги Иванов.

Вториот круг на луѓе кои се подготвуваат за кампањата за претседател е организиран од актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Негова примарна цел во наредниве месеци е во партијата и во ја носат да создаде мислење во СДСМ и ДУИ дека Пендаровски не може да победи и дека дури и ако победи со нова влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе им сврти грб на Бихаќка и Мала Речица.

Извори кои ги следат активностите на двете групи тврдат дека според информациите од двата неформални штабови Пендаровски засега имал поддршка од дел од врвот на СДСМ како генералниот секретар Миле Зечевиќ и од одредени странски дипломати во Скопје.

Министерот Спасовски според истите извори имал поддршка од таканареченото кумановско лоби во кое е премиерот Ковачевски и дел од владините функционери како Артан Груби, Назим Буши, вицепремиерката Грковска за добро владеење и министерката за одбрана Славјанка Петровска кои во негово време се вработија во МВР.

Партијата засега не сака официјално да почне разговори на темата кандидат за претседател затоа што му се дава шанса на Пендаровски да го подобри својот катастрофален рејтинг кој според анкетата на Маркет Вижн беше 0,3 проценти поддршка од граѓаните.

Во ВМРО-ДПМНЕ ситуацијата со кандидати е многу посложена иако партијата има сериозна предност на анкетите, но таму засега не можат да се препознаат најсериозните кандидати за претседател.

Досега десетина луѓе искажале директна или индиректна желба да бидат кандидирани за шеф на државата од најголемата и најпопуларна партија.