Гримасата на Агелер како најава за катастрофата на договорот со Бехтел и Енка (ФОТО)

Гримасата на американската амбасадорка Анџела Агелер во моментите кога владата го потпишуваше скандалот вреден најмалку 1,3 милијарди евра како да ја најави катастрофата на договорот со Бехтел и Енка.



Иако во текот на целата церемонија сите присутни изгледаат весели и среќни во моментот кога министерот за транспорт Благој Бочварски става параф на договорот амбасадорката Агелер прави гримаса која според теориите на максилофацијалните експресии не кажува ништо добро за договорот што се потпишува.

Дали Агелер знаела што се случува или инстинктивно реагира на настанот може да каже само таа.

Во тие моменти прилично лош е и изразот на лицето на премиерот Ковачевски кој знаел што се случува и какви лоши клаузули има во договорот.

Единствен кој е задоволен од сите на фотографијата во тој момент е вицепремиерот Артан Груби од за многумина познати причини.

Фотографијата со чудната гримаса на Агелер ја објавува порталот МКД како илустрација на текст во кој се зборува за една од најголемите катастрофи во договорот со Бехтел и Енка од кој македонската економија може да биде ничкосана.

Оригиналната фотографија со текстот за едно од најпроблематичните решенија на порталот МКД.мк на овој линк:

https://mkd.mk/node/514821