ЕУ со дипломатска реакција но јасна осуда на владиниот договор со Бехтел и Енка

Канцеларијата на ЕУ во Скопје во одговор на прашања од порталот мкд.мк дава дипломатска но јасна осуда на владиниот договор со Бехтел и Енка.



ЕУ за случајот со „Бехтел и Енка“, бара да се почитува Спогодбата за асоцијација, а тоа како што пишува порталот значи конкуренција и транспарентност наместо тајни договори без тендер.

,,ЕУ внимателно ги следи случувањата во врска со ова прашање. Бараме дополнителни информации за подобро да ја разбереме ситуацијата. ЕУ потсетува на важноста од почитување на обврските кои произлегуваат од Спогодбата за асоцијација и стабилизација, како и на усогласувањето со правото на ЕУ во контекст на процесот на пристапни преговори”.

Ова е одговорот на ЕУ на барањето на МКД.мк за нивен коментар за сите информации во врска со договорот на македонската влада со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10д.

Од Канцеларијата на ЕУ не одговориле на дополнителното наше прашање за тоа на што точно мислат од Спогодбата за асоцијација и стабилизација меѓу Македонија и ЕУ.

Од повторното прегледување на оваа Спогодба од 2001 година може да се заклучи дека во овој случај се мисли на европските правила против ограничување и нарушување на конкуренцијата и на обврската за транспарентноста и нефаворизирањето на одредени претпријатија, заклучува МКД.

Во случајот со „Бехтел и Енка“ се работи за директна спогодба без јавен повик, а договорот, според властите и натаму е деловна тајна, не е објавен и покрај барањето на јавноста да се објави целиот договор затоа што се работи за буџетски пари од 1,3 милијарди евра.

Повеќе на мкд.мк