Бугарски медиуми пренесуваат дека „левичарскиот премиер Зоран Заев изјавил дека е подготвен да се откаже од претензиите на неговата земја за наследствотото на Александар Велики.
Агенцијата „Фокус“, која не пропушта зад името Македонија да стави – Поранешна југословеенска Репумблика – на ова се повикува на грчкиот весник „Катимерини“.
„Се откажувам од претензиите на Макдеонија дека е единствена наследничка на Александар Македонски. Историјата ни припаѓа не само нам, туку и на Грција и на многу други земји“ рекол македонскиот премиер, пишува „Фокус“.




