„Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле во Скопје за прв пат во историјата ќе биде раководен од докажан хирург-Албанец, специјализиран за детска хирургија. Познатиот хирург д-р Јетмир Зибери од Тетово, кој преку хирургиски операции спасил илјадници деца, од денес е на чело на оваа важна институција. која во текот на годината лекува илјадници деца, особено со белодробни заболувања.“ – објави информативниот портал „Албаниан.мк“.
„Албаниан.мк“ пишува: „Д-р Зибери го очекуваат високи приоритети да го зголеми квалитетот на здравствените услуги, да спроведе најдобро организирање со медицинскиот персонал, а пред се пациентите да добијат брза услуга со поефикасна терапија за закрепнување во болнички услови.“
„Тој има искуство од повеќе од 10 години како хирург, специјализиран за хирургиски болести кај децата на возраст до 14 години. Досега извршил повеќе од 6 илјади успешни операции и други хирургиски интервенции кај мали деца.“
„Неговото професионално искуство во неколку европски земји го рангира меѓу водечките хирурзи во * Македонија за најсложени хирургиски болести кај децата. Повеќе албански семејства од Македонија и Косово зборуваат со почит и зборови на голема благодарност за лекувањето и третирањето на нивните деца од страна на хирургот Јетмир Зибери.“





