,,Кажите му на Оливера да дојдит да ни се фатит за ……”, порака преку СВР Охрид до министерот за внатрешни

,,Кажите му на Оливера да дојдит да ни се фатит за …..”.



Оваа порака вчера наутро е побарано да му се пренесе на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од неговите потчинети во охридската полиција која ги гони луѓето што го поставија знамето со сонцето од Кутлеш.

Пораката е упатена охриѓанец кој вчера бил повикан во СВР Охрид да каже кој завчера во знак за поддршка на уставобранителите осудени за 27 април го поставил големото македонско знаме со ѕвездата од Кутлеш на ,,Долна Порта”.

Повиканиот на информативен разговор во СВР Охрид откако бил испрашани побарал службените лица да му ја пренесат пораката на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Нему во полициската станица неофмално му било речено дека и полицајците се срамат од повикувањето на граѓани но дека наредбата дошла ,,одозгора”.

,,,,Инспекторине се плашет, не му кажвет, затоа ве мољам да му пренесите шо му пор’чвиме на министерот”, вели револтиран Охриѓанец”, вели револтиран Охриѓанец кој ,,моли Бога” Спасовски да биде кандидат за претседател на СДСМ.

Вчера десетина лица биле посетени во своите домови и биле повикани во СВР Охрид да кажат кој го ставил знамето со сонцето од Кутлеш среде градот.

Речиси на сите кои биле посетени од полицајците им било кажано дека наредбата да се малтретираат луѓе дошла од кабинетот на Оливер Спасовски.

Извори во охридското СВР велат дека пораката му е пренесена на министерот но не во оригинална форма.

Спасовски засега молчи за неговата наредба да се гонат десетина охриѓани.

Адвокатот Тони Менкиноски завчера вечерта на СВР Охрид им порачал дека треба да запре со малтретирање на граѓани затоа што тој ја презема целата одговорност за случајот.

Адвокат бара СВР Охрид да го гони само него наместо поддржувачите на уставобранителите