Печатницата „Киро Дандаро“ продадена за 9,5 милиони евра

Хрватската компанија САТО ја купи битолската печатница Киро Дандаро за 9,5 милиони евра. Трансакцијата за превземање ја објави Македонска берза, а за Фактор ја потврди првиот човек на акционерското друштво, пишува Фактор.мк.



Објавено е дека се превземаат 442.055 акции со 1.290 денари цена по акција, Вкупната сума е 570.250.950 денари, што опфаќа 91.16 отсто од основната главнина. Претходно САТО, компанија од Забок, ја извести во март Комисијата за заштита на конкуренцијата дека се стекнува со самостојна контрола над Киро Дандаро.„САТО Д.О.О. е друштво кое е активно во дејностите: Компјутерски и сродни дејности; Размножување снимени записи; Поправка и одржување канцелариски машини и опрема и Услуги на фотокопирање“, објави меѓудругото тогаш Комисијата за заштита на конкуренцијата и при тоа информираше дека оваа хрватска компанија досега немала никаква претходна економска активност во Македонија.

Информацијата ја потврди и директорот Драги Милошевски, кој е еден од четворицата поединци кои досега беа доминантни сопственици на Киро Дандаро. Печатницата има и други физички лица-акционери, но многу помали.

Линк до целиот текст.

https://faktor.mk/pechatnicata-kiro-dandaro-prodadena-za-95-milioni-evra