Охридската полиција вечерва ги бара поддржувачите на уставобранителите кои го поставија Сонцето од Кутлеш

Охридската полиција вечерва ги бара поддржувачите на уставобранителите кои денеска кај Долна Порта во знак на поддршка за осудените за 27 Април поставија големо знаме со Сонцето од Кутлеш.



Вечерва полицајци од СВР Охрид посетиле домови на десетици луѓе кои денеска учествувале во поставувањето на знамето за поддршка на уставобранителите.

Според началник во СВР Охрид охридската полиција немала намера да ги гони луѓето што го поставиле знамето но наредбата доцна вечерва дошла од Скопје од кабинетот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Според изворите во охридската полиција Спасовски барал полицијците да одат по домовите на луѓето кои го поставиле знамето иако знаел дека нема направен никаков прекршок ниту кривично дело.

Луѓе во охридската полиција кои вечерва биле натерани да одат по домови и да бараат луѓе кои не направиле никакво дело се сомневаат дека наредбата на Спасовски има за цел да направи инцидент и да предизвика страв во Охрид кој би можел да биде искористен од СДСМ и ДУИ за партиски потреби.