Вчера на состанок на Европската народна партија (ЕПП) се случил жесток инцидент во кој бугарските претставници го нападнале претседателот на ЕПП зошто дозволил да зборува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски.
Николоски во говорот побарал санкции против Бугарија поради очигледното кочење и застојот на евроинтеграциите, јавува Радио Лидер.

Претседателот на ЕПП застанал во одбрана на Николоски одговарајќи дека тој долги години е тука и дека како потпретседателот на ЕПП има право на говор и ставови кои ги изнесува во име на ЕПП.
Николоски во Стразбур имаше говор во кој кажа дека Бугарија не ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права кои се однесуваат на Македонците.
,,Советот на Европа мора да ја казни Бугарија и да и воведе санкции за да ја принуди да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права, исто како и другите земји кои одбиваат да ги спроведат судските одлуки. Тоа е единствениот пат да се оди напред”, побарал пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во обраќање на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур.






