Холандскиот експерт за Западен Балкан, Ханс ван ден Берг, реагира за најновиот националистички испад на тетовскиот градоначалник Билал Касами, кој на косовската претседателка Вјоса Османи ѝ посака добредојде во „дарданско Тетово“, кое до неодамна го претставуваше како „албански главен град во Северна Македонија“.
„Дарданско Тетово? Не беше доволно Тетово албански главен град на Македонија? Има ли некаков националистички натпревар во Тетово, за да се оттргне вниманието од фактот дека е најзагадениот град во Македонија (втор во светот), познат по корупција, затајување даноци и неплаќање сметки за енергија, а потоа и по некои?“, прашува Ван ден Берг на Твитер.
„Претседателката Османи да вее косовско знаме е логично, но зошто Касами би носел албанско знаме? Дали земјата домаќин е Албанија? Сите овие прашања, вклучително и барањата што наводно ги постави претседателката Османи (Законот за јазиците и државотворен народ) поттикнуваат и тензија/национализам + поларизација. Тажно“, додава тој.
„Во некои земји затајувањето е национален спорт. Во Македонија шампионите, навистина горди на тоа, веројатно не се во Тетево туку во Арачиново. Грчец очигледно е ‘забрането село’ за македонските власти, вклучително и за ЕСМ. Оттука и затоа е идеално место, не само за неплаќање на сметките за енергија, туку и за ‘копање’ биткоини и други незаконски дејствија (трговија од секаков вид). Се прашувате зошто Амбасадата на САД не пишува писма за ова?“, поентира Ван ден Берг.






