Ковачев пак буден сонува: Најголемиот етнички дел на Македонија се Бугари

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев повторно вели дека во Македонија има многу поголем број на Бугари од она што го покажал пописот. 



„Сите историски извори велат дека најголемиот етнички дел на Македонија се Бугари. По потекло има стотици илјади – над 120-130.000 со бугарско државјанство“, изјави Андреј Ковачев, пренесе „Труд“.

На состанокот на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур, претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, направил тешка повреда на процедурите и прописите, пишува денес БГНЕС. Според бугарскиот медиум, поради тоа што си дозволи жестоки напади против Бугарија, пратениците на ГЕРБ, Георг Георгиев и Деница Сачева го известиле претседателот на групата на народните партии (ЕПП), што резултирало со суспензија на правото на Николоски да зборува понатаму во име на групата, тврди БГНЕС.