Припадниците на германската царина открија десетици случаи на илегални работници, главно лица од Босна и Херцеговина, Србија, Албанија и Грузија во неколку рации на градилиштата низ Германија.
Една од најголемите акции беше спроведена во Дизелдорф на градилиштето на улицата Ванхајмер, недалеку од аеродромот. Само овде се приведени 19 работници кои работеле на црно, главно од Босна и Херцеговина.
Михаел Волк, портпарол на главната царинарница во Дизелдорф, вели дека досега никогаш не наишле на толку голем број непријавени работници, кои нелегално престојуваат во Германија.
Биле контролирани 200 лица од околу 60 фирми.
Најлошо поминале работниците од БиХ и Србија, од кои 29 немале валидна дозвола за престој за работа во Германија.
Тие се приведени, против нив е отворена истрага исто како и против работодавачите.
Инаку, Царината соопшти дека целта на рациите била да се контролира почитувањето на прописите за минимални саатници, но наишле на многу поголем проблем…






