Претседателот на македонскиот парламент, за време на својата посета на Албанија со своите домаќини разговарал за заедничко менаџирање на граничен премин и заедничко раководење со царински служби.



„Ваквите чекори треба дополнително да ја засилат соработката меѓу двете земји“, изјавиле Џафери и спикерот на албанскиот парламент, Грамос Ручи во Тирана, но оваа изјава не е пренесена во Македонија.

Она што е индикативно во информацијта, што ја пренесоа кинески медиуми, е дека заедничко менаџирање на границата на Македонија со Албанија се споменува и во таканаречената „Тиранска платформа“.

Во Точка 6, која се однесува на Добрите односи со соседите, во став 2 се предвидува: „Соработка со Косово и Албанија за интегрирано гранично управување“.

Интегрирано гранично управување значи заедничко чување на границата со заеднички патроли или еден дел чуваме ние, а друг дел албанските гранични служби.

Веста ја пренесе кинеската агенција Ксинхуа која ја следелае посетата на Џафери на Тирана. Според агенцијата, заедничкото менаџирање на граничните премини како извесна ситуација било разговарално на средбата на спикерот Џафери со неговиот колега, спикерот на албанскиот колега Грамос Ручи.

Двајцата спикери на прес конференцијата рекле дека „Албанија и Македонија заедно ќе ги раководат граничните и царинските испостави на граничниот премин Ќафасан“.

Ниту еден македонски медиум не го пренесе овој дел од изјавите, а за ова нема ни збор во извештајот од средбата на најгледаната и највлијателната македонска телевизија на албански јазик Алсат– М, која што објавуви и видео од средбата.

Заедничко менаџирање на граничните премини од две соседни земји не е непозната работа дури и на Балканот каде што такви договори кои што ефикасно се спроведуваат во практика имаат потпишано Хрватска и Босна и Херцеговина на Јадранската магистрала. Од таму е нејасно зошто и кабинетот на Џафери и македонските медиуми се обидоа да ги скријат разговорите за оваа тема.

Најверојатно причините оваа информација да не се потенцира е во стравот дека македонската јавност ваквите разговори може да ги доживее како обид за спроведување на Тиранската платформа и стравот дека македонските Албанци ќе се обидат да ја помогнат идејата за голема Албанија со намалување на административните пречки за комуникација меѓу Албанците од двете страни на границата.